Работна обука “Биотехнологијата во мојот свет – Програма за искуствено учење“

Сподели:

На 24 и 25 Април наставниците Билјана Апостолоска и Ѓорѓија Гагалески од
СОУ “Орде Чопела”- Прилеп присуствуваа на работна обука “Биотехнологијата во мојот свет – Програма за искуствено учење“ за зајакнување на вештините на наставниците од средните стручни училишта за интеграција на содржини за пренамена на био-отпадот.
Обуката се одржа во Биотехнолошката лабораторија во СУГС „Марија Кири Склодовска“ во Скопје, под организација на УНИЦЕФ, УНДП, Центарот за средно стручно образование и РЕЦ.
Во периодот што следи нашето училиште ќе биде училиште домаќин каде ќе се спроведат работилници со ученици од регионот, со помош на мобилната Биотехнолошка лабораторија и професорите од Технолошкиот факултет во Скопје.

Коментари