За Нас:

МИСИЈА И ВИЗИЈА

Мисија на СОУ “Орде Чопела” е да ги поттикнува интелектуалните, емоционалните и творечки потенцијали на ученикот и неговото максимално ангажирање во усвојувањето на квалитетни, трајни и применливи знаења, со помош на наставни методи и техники кои се во склад со современите научно-технолошки текови. Училиштето пред себе има задача да обезбедува работна клима во која има позитивни емоционални односи и комуникација, меѓусебна доверба, почитување, кооперативност и разбирање на потребите на единката. Училиштето обезбедува клима на развој и динамика. Особено се грижи за развивање на внатрешната мотивација. Негува иницијативност, иновативност, креативност и визионерство.

Го поттикнуваме учењето и личниот, емоционалниот и социјалниот развој на учениците преку создавање на услови кои промовираат етничка интеграција и здрава училишна средина.

Ние нудиме образовни услуги кои овозможуваат оспособување на младите за работа и живот, користејќи современа образовна технологија, со што се поттикнува доверба и почитување од нашите ученици и нивните родители. Посветени сме од младиот човек, да создадеме развиена свест за мултиетничко функцинирање во општеството со желба од него да создадеме граѓанин кој ги знае своите права и одговорности, знае да го цени секој без оглед на полот, расата, културата, националната и верската припадност или социјалната положба.

Нашето училиште се стреми кон овозможување на што поквалитетна и посовремена настава следејќи го индивидуалниот развој на секој ученик посебно. На тој начин ќе ги подготвиме учениците за комплетно вклучување во современите општествени текови, образовни и професионални. При тоа, училиштето ќе ги приспособува своите планови и програми на локалните и глобалните промени. Училиштето ќе ја негува и заштитува животната средина по што ќе стане препознатливо во локалната средина. Ќе создадеме современа, ефикасна и квалитетна настава, приспособена според потребите и интересите на учениците и средина во која што ќе се почитуваат разликите меѓу луѓето и традициите. Преку заеднички активности помеѓу учениците од различни етнички заедници, учениците ќе учат да комуницираат и соработуваат едни со други, да градат меѓусебна доверба и да ги намалат предрасудите за другите.

 

          За остварување на оваа визија во училиштето постои соодветен простор опремен со нагледни средства и информатичко-комуникациска технологија. Преку користење на искуствата од традицијата, со добра организација и стручен наставен кадар, со максимално ангажирање и мотивирање за да се постигне крајната цел – модерно и современо училиште.