Техничар по ветеринарна медицина

Техничар по ветеринарна медицина

Сподели:

Да се сакаат животните и да се грижиме за нивното здравје е хумана работа. Грижејќи се за здравјето на животните, ние се грижиме и за здравјето на луѓето. Тоа е и суштината на оваа професија – техничар по ветеринарна медицина.

Што работиме на пракса … ?

Праксата ја изведуваме во нашата ветеринарна амбуланта, а исто така имаме соработка со други ветеринани амбуланти во градот каде учениците следат клинички случаеви на различни животни, помагаат во давањето на терапијата, вакцинацијата и другите мерки за заштита на здравјето на животните.

А кога ќе завршам …..

По завршувањето на средното образование, нашите ученици се оспособени самостојно да работат во ветеринарни амбуланти, лаборатории, кланици, во Агенцијата за храна и ветеринарство, но исто така можат да го продолжат своето образование на Ветеринарен факултет или некој сроден факултет.

Техничар по ветеринарна медицина3

Коментари