Посета на хемиските лаборатории при Универзитетот Гоце Делчев од Штип

Ученици од СОУ „Орде Чопела“ Прилеп, Медицински лабораториско-санитарен техничар II год и Хемиски лабораториски техничар I год, беа во посета на хемиските лаборатории при Универзитетот Гоце Делчев од Штип (Кампус 2).
Благодарение на одличните и стручни домаќини, учениците се запознаа со повеќе методи и постапки за определување на квалитетот на водата и почвата, со примена на иструментите и апаратите од нивните најсовремено опремени лаборатории.
Потоа беше посетен археолошкиот и историскиот дел од Музејот на град Штип, а за крај посета во кафе Лаб.

Коментари