Посета на лабораториите при Институтот за хемија на ПМФ Скопје

На 23.02.2023 година ученици од СОУ „Орде Чопела“ Прилеп, Хемиски лабораториски техничар IV и III год, како и ученици од III година Прехранбен техничар беа во посета на лабораториите за инструментална анализа, Анализа на горива и Лабораторијата за анализа на хексахлороциклохексани, при Институтот за хемија на ПМФ Скопје.
Професорите од Институтот ги запознаа учениците со методите и постапките за подготовка и анализа на примероците.
Истиот ден вратите за учениците од нашето училиште, беа отворени за посета на компанијата Титан Цементарница Усје каде домаќините во нивните современи лаборатории ги демонстрираа методите на анализа на алтернативни горива кои се користат во производствениот процес. Вработените безрезервно ги објаснија методите и постапките за контрола на квалитетот на суровините и готовите производи на компанијата, што се изведуваат во лабораториите за да се обезбеди издржливост и ефикасност на производите.

Коментари