ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТ “UNPICK YOUR HISTORY, WEAVE YOUR FUTURE”

ИЗВЕШТАЈ ЗА ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ НА СОУ “ОРДЕ ЧОПЕЛА“ – ПРИЛЕП “UNPICK YOUR HISTORY, WEAVE YOUR FUTURE”КОЈ ТРАЕШЕ ОД 1/9/2016 ГОДИНА ДО 31/8/2018 ГОДИНА

Овој Еразмус+ проект беше насловен “Unpick your history, weave your future”. Регистрацискиот број на проектот е 2016_1_CZ01_KA219_023981_5. Организација апликант беше Гимназијата од Чешке Будејовице од Чешка. И главниот коодринатот беше училиштето од Чешка.

Координатор на проектот во нашето училиште беше Каролина Дамјаноска. Проектот заврши успешно и беше оценет со 88 поени. Тоа беше проект каде што ние заедно со нашите партнери од Шпанија, Чешка и Италија имплементиравме учење врз база на истражување на интернационални тимови на ученици на различни теми поврзани со текстилната индустрија: социо-економските аспекти, историјата, одржливиот развој, загадувачи од текстилната индустрија и заштита на  животната средина, изработка на паметни материјали со користење електроника, изработка на облека од рециклирани материјали, креирање на модна ревија, нанотехнологија итн.

Целокупното влијание од овој проект беше меѓусебниот бенефит преку соработка меѓу училиштата, музеите и индустријата. Се докажа дека училиштата се способни да прилагодат изучување на поими во контекст на реалниот живот

Идеата за овој проект се роди на Третата  Летна школа на проектот  inGenious која се одржа во август 2014 година во Сплит, каде што се сретнаа клучните личности (професори) од четирите училишта кои го креираа овој проект. Беа реализирани четири проектни состаноци на учење, настава и тренинг на учениците и професорите и еден транснационален состанок на професорите на почетокот на проектот за договарање на деталите, динамиката и промените на распоредот на мобилностите на проектот.

Во продолжение се претставени фотографии од учесниците на сите состаноци предвидени согласно со овој проект.

Транснационален состанок во Гимназијата во Чешке Будејовице од 10-13/10/2016 година. Од нашто училиште учествуваа професорките Каролина Дамјаноска и Роза Николоска.

Проектен состанок во Камбре, Ла Коруња, Шпанија, од 28/11/2016 до 2/12/2016 година

Проектен состанок во Јеси, Марке, Италија, од (3-7)/04/2017 година

Македонскиот тим заслужен за успешна реализација на проектниот состанок во Македонија

Проектен состанок во Прилеп, Македонија, од 30/10/2017 до 3/11/2017 година

Проектен состанок во Чешке Будејовице, Чешка, од (16-20)/04/2018 година

За времетраењето на овој проект беа реализирани вкупно 29 мобилности од кои 8 мобилности на ученици и 21 мобилност на ученици. Како еден од финалните производи на овој проект е електронската книга која може да се погледне и користи бесплатно на следниот линк:

https://view.joomag.com/erasmus-1/0295849001522218698?short&fbclid=IwAR03qjFwZk6sLFBSwrk6NHOGXAc5t4tSmd_czEnZLYYZ9h4QiZR1B-8QeYc

Нашиот проект е претставен и на следнита веб страна:

https://twinspace.etwinning.net/26815/home?fbclid=IwAR0JNt0ugPxDPOGo7uWN6c6lMwzjY_CUqRmDB5PrXiJ0bVy7MnqmcgnHOZo

Коментари