ИЗВЕШТАЈ ЗА ТРАНСНАЦИОНАЛНИОТ СОСТАНОК НА ДИРЕКТОРИ И ПРОФЕСОРИ ВО ИТАЛИЈА

ital1

ИЗВЕШТАЈ ЗА ТРАНСНАЦИОНАЛНИОТ СОСТАНОК НА ДИРЕКТОРИ И ПРОФЕСОРИ ВО ИТАЛИЈА ВО УЧИЛИШТЕТО “ГАЛИЛЕО ГАЛИЛЕИ“ ВО ГРАДОТ ЈЕСИ ВО РАМКИТЕ НА ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ “BEING A BIOMAKER, NO PASSPORTS NEEDED” со рег. Бр. 2019-1-ES01-KA229-064924_3

 

Од 2 – 5/12/2019 година се одржа Обука за директори и/или професори (Short-term joint staff training event) во училиштето “Галилео Галилеи“ од Јеси, Италија. Од нашето училиште учествуваа директорката Анета Пејоска и координаторот на проектот Каролина Дамјаноска.

Првиот ден (2/12/2019 година), беше претставено и разгледано училиштето и неговите ресурси и капацитети. Потоа имаше презентација и обука на тема “Електромагнетни бранови“. Следуваше обука за “Ултравиолетова и видлива спектрофотометрија“ и потоа следуваа квалитативни спектрални анализи во една од хемиските лаборатории на училиштето.

Вториот ден (3/12/2019 година), беше посветен на  квантитативни спектрални анализи и други лабораториски анализи во хемиските лаборатории на училиштето. Исто така бевме запознаени со опремата во училиштето и начинот на функционирањето на 3Д принтерот, како и инструментите кои досега тие ги имаат изработено со него.

Третиот ден (4/12/2019 година), имаше теоретска обука на тема “Микроскопи“, а потоа следуваше лабораториска работа со микроскопите. Беа набљудувани и фотографирани различни видови микроскопски препарати. Доцна попладнето истиот ден беше реализирана посета на градот Анкона кој се наоѓа во близина на градот Јеси каде што ни беа покажани некои културни знаменитости меѓу кои и грандиозниот театар во Анкона.

Четвртиот ден (5/12/2019 година), имаше обука за тоа што значи да бидеш Biomaker. Обуката беше изведена преку онлине конференција модерирана и водена од професорот Хозе Винас од училиштето од Шпанија кое воедно е и координатор на овој проект. Потоа беше направен детален план што ќе се работи на секоја мобилност конкретно, што треба да се работи помеѓу мобилностите, кои се важни точки на кои треба да внимаваме, потоа беа дефинирани платформите за комуникација, дисеминација итн, со цел успешна реализација на проектот. Се родија и нови идеи за кои се дискутираше и многу од нив беа прифатени. Се договори и терминот за изработка на логото на проектот. Со тоа оваа обука заврши и се договорија најдетално активностите за следниот состанок во Литванија во февруари 2010 година. Потоа беше посетена лабораторијата Bioaesis  во Јеси.

Во продолжение се некои фотографии од овој прв транснационален состанок во Италија.

Инаку од секое партнер училиште имаше по двајца учесници (од Македонија, Шпанија и Литванија), со исклучок на домакинот (Италија) со тројца учесници.

ital1Практична работа во хемиските лаборатории на училиштето во Италија

Состанок на професорите од партнер училиштата и директорката од Македонија со директорот на училиштето од Италија

Хемиски експерименти изведени од професорката Лаурета од Италија

Посета на лабораторијата Bioaesis во Јеси

Коментари