BEING A BIOMAKER, NO PASSPORTS NEEDED

Litv-1

Сподели:

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

ИЗВЕШТАЈ ЗА ТРАНСНАЦИОНАЛНИОТ СОСТАНОК НА УЧЕНИЦИ И ПРОФЕСОРИ ВО ЛИТВАНИЈА ВО УЧИЛИШТЕТО КОЕ Е ЦЕНТАР ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА ВО ГРАДОТ ПАНЕВЕЖИС ВО РАМКИТЕ НА ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ “BEING A BIOMAKER, NO PASSPORTS NEEDED”

 

Регистарски број на проектот е 2019-1-ES01-KA229-064924_3, и координатор училиште е училиштето од Шпанија.

 

Учениците Кирил Дамјаноски, Давор Степановски, Никола Кочоски, Никита Ристески и Димитар Стојчески и професорките Каролина Дамјаноска и Славица Петровска учествуваа на проектниот состанок  (Short-term exchanges of group of pupils) во училиштето “Центар за стручно образование и обука“ во градот Паневежис, Литванија.  На оваа мобилност учествуваа и ученици од професори од домаќинот Литванија, и ученици и професори од училиштата од Шпанија и Италија.

 

Првиот ден (3/2/2020 година), започна со говор за добредојде и кратка презентација за центарот за стручно образование и обука во Паневежис. Следуваа активности за запознавање на учесниците (активности за кршење на ледот) и активности за градење на тимовите со цел сите да се запознаат помеѓу себе. Започнаа и активностите за составување на микроскопите.

 

Вториот ден (4/2/2020 година), започна со посета на Универзитетот за применети науки во Паневежис каде што најпрво имаше предавање, а потоа активности и презентација на “ 5-те чекори – како до здрави заби“. Следуваше кратка тура во центарот на градот, а потоа продолжување на работата во тимовите за составување на микроскопите со што тие го добија финалниот изглед.

 

Третиот ден (5/2/2020 година),беа изведени повеќе видови хемиски експерименти во кои што активности учениците од сите партнер училишта активно учествуваа, а потоа ги споредуваа своите резултати. Следуваше разгледавање на работилниците за практична работа во училиштето во Паневежис

Истиот ден беше посетено и студиото за стакло во Паневежис Glassremis каде што учениците имаа прилика да видат рачна изработка на уникатни уметнички предмети од стакло.

 

Четвртиот ден (6/2/2020 година), во раните утрински часови организирано со автоус заминавме за градот Вилнус. Таму ја посетивме фирмата “Thermo Fisher Scientific Baltics”, чија што област на делување е биотехнологијата која е битен дел од нашиот проект. Потоа го посетивме саемот “Litexpo”, каде имавме прилика да се запознаеме со дејноста на многу стручни училишта од Литванија, како и со можностите за студирање во Литванија кои беа претставени на штандовите во делот за универзитетите. Потоа ги разгледавме културните знаменитости во Вилнус како што е Катедралата, замокот итн.

 

Петтиот ден (7/2/2020 година), започна со работилници во центарот за мехатроника во Паневежис, потоа транспорт до училиштето и составување на магнетните мешалки. Беше избрано и официјалното лого на проектот и победи логото кое што го направи нашиот ученик Давор Степановски. Потоа доделување на сертификатите и дискусија за тоа што  она што го научија учениците, што треба да направат до мобилноста во Македонија итн.

 

Во продолжение следуваат фотографии од мобилноста во Литванија:

Коментари