Being a biomaker, no passports needed

Од 4 до 12 декември 2021 година учениците од СОУ „Орде Чопела“- Прилеп, Кирил Дамјаноски, Сара Ристеска, Андреа Гагалеска, Николче Димески и Филип Атанасоски под менторство на Директорката Анета Пејоска и Каролина Дамјаноска координаторот на Еразмус + проектот “Being a biomaker, no passports needed” учествуваа на проектниот состанок во Ла Коруња, во областа Галиција во Шпанија.Преку овој проект учениците од Македонија, Шпанија , Литванија и Италија користат 3Д печатење и ласерско сечење, како и електроника за да креираат инструменти кои потоа се кориатат во училишните лаборатории.  На овој проектен состанок имаше повеќе активности. Некои од нив беа изведени во училиштето Давид Бујан во Камбре близу Ла Коруња, кое е наше партнер училиште, а некои во лабораторијата во Природонаучниот музеј „Домус“ во Ла Коруња. Најинтересната задача за учениците беше кога го користеа ПЦР методот следен со електрофореза за да откријат кој е замислениот убиец од четирите осомничени. Подлогата за електрофорезата беше агарозен гел за разделување на ДНК нишки. На тој начин учениците се запознаа со техниката која ја користи судската медицина да се открие кој е виновникот. Низ процесот на испитување учениците беа водени од нивните наставници ментори од сите четири држави, но исто така и од Директорката на Музејот Патриција Вињас која со задоволство им објаснуваше на учениците и одговараше на сите поставени прашања.Исто така учениците ги истражуваа микроорганизмите користејќи микроскопи. Потоа правеа фотомикрографии кои се фотографии од микросветот со помош на посебни системи од леќи кои ги прикачуваа на своите мобилни телефони. Тоа беше замислено и реализирано како натпревар меѓу мешани тимови од ученици од сите четири држави учеснички. Учениците научија што е комбуха и ја користеа за да креираат различни фигури.Учениците се запознаа со културните знаменитости на Ла Коруња, ја посетија Кулата на Херкулес, го посетија Аквариумот во Ла Коруња, беше изведена еднодневна екскурзија до градот Сантијаго де Компостела, кој е познат туристички центар и каде беше посетен музејот, имавме прием кај градоначалникот на Камбре кој ни ги додели сертификатите итн.Учениците се вратија побогати за многу нови знаења и техники на работа и своите импресии им ги пренесоа на соучениците и родителите.Следниот проектен состанок за овој проект е планиран да биде во Македонија, т.е. во нашето училиште во средината на месец март, за кој што ние веќе започнавме со подготовките.

Коментари