Facebook
Twitter
LinkedIn

Пријавувањето на ученици

Почитувани ученици, почитувани родители,
Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.
Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk .
Упатството за логирање/ најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава.
За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен од 10.06.2023 година во 10.00 часот. Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 21.06.2023 година најдоцна до 15.00 часот, после што системот ќе биде затворен за онлајн аплицирање од ученици.
Во наведениот период додека системот за аплицирање е достапен за учениците, тие ќе можат да вршат ажурирање, измени и дополнувања на своите пријави и да имаат увид во вкупниот број на поени од успехот, без поените од дипломите.
Валидација на дипломите и внесување на поени од дипломите вршат комисиите од средните училишта.
Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 22-ри јуни 2023 година на интернет страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk, односно на https://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.
Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 22-ри јуни од 12.00 часот до 19.00 часот и на 23-ти јуни од 07.00 часот до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.