Според годишниот план на активности во 2019 година, што Прифатилиштето при Ј.К.П. “Комуналец” го достави до Агенцијата за храна и ветеринарство, за решавање на проблемот со бездомни кучиња, ќе се одржи Трибина за едукација и информирање.
Тоа е само една мерка од планираните активности за информирање и потенцирање на одговорно сопствеништво на домашни миленици, поттикнување на вдомување на бездомни кучиња и правилно постапување со животните.
– Запознавање со Прифатилиштето и негово функционирање
– Одговорно сопствеништво
– Микрочипирање
– Основна здравствена заштита на куче
– Кастрација и Стерилизација
– Вдомување
– Правилно постапување со куче скитник
Решение за проблемот со бездомни кучиња:
– Спроведување на превентивни законски мерки
– Едукација
– Стерилизација и Кастрација
По тој повод, ве покануваме на настанот кој ќе се одржи на 13 декември, во 18 часот, во големата сала во Општина Прилеп
Учесници:
Ирена Станковска – Директор на ЈКП “Комуналец” Прилеп
Мариновски Никола – Директор на Ветеринарна клиника Прилеп
Тања Барлакоска – Доктор по ветеринарна медицина во Прифатилиштето за бездомни кучиња
Галоски Игор – Доктор по ветеринарна медицина во СОУ “Орде Чопела” Прилеп
Јане Ралоски – Доктор по ветеринарна медицина во Ветеринарна клиника Прилеп
Марија Секулоска – претставник од Ветеринарна клиника Прилеп
На Трибината ќе земат и учество ученици од СОУ “Орде Чопела” од профилот ветеринарен техничар со свои мислења
Ќе ни биде чест и вие да присуствувате.
Со почит,
ЈКП “Комуналец” Прилеп