Орде Чопела
Facebook
Twitter
LinkedIn

Конкурс за запишување ученици

Како новина оваа година :
👉Отвораме 2 дуални паралелки со зголемен обем на практична обука
👉Учениците во дуална паралелка ќе добиваат месечен износ од 3.500 денари за 9 месеци во годината
👉Обезбедуваме стипендии за ученици од прва година, од земјоделско-ветеринарна и градежно-геодетска струка
👉Отвораме паралелка од Здравствена струка🥼💉👨‍⚕️👩‍⚕️
СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ
„ОРДЕ ЧОПЕЛА“
Во прва година ќе се запишат 254 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:
Земјоделско-ветеринарна струка – 93 ученици, 3 паралелки
-агротехничар / техничар за агроменаџмент – ДУАЛНА ПАРАЛЕЛКА
*(соработка со компанија
Тутунски Комбинат АД Прилеп, АГРОИНВЕСТ ДООЕЛ Прилеп,
Институт за тутун Прилеп)
– техничар по ветеринарна медицина
– техничар за фитомедицина
Градежно-геодетска струка – 34 ученици, 1 паралелка
– геодетски техничар/ градежен техничар/ архитектонски техничар
Хемиско-технолошка струка – 59 ученици, 2 паралелки
– прехранбен техничар – ДУАЛНА ПАРАЛЕЛКА
*(соработка со компаниите
Млекара Мики,
Дониа Дооел,
Стара Фурна Дооел)
– техничар за заштита на животната средина / хемиски лабораториски техничар
Лични услуги – 34 ученици, 1 паралелка
– техничар за очна оптика
Здравствена струка – 34 ученици, 1 паралелка
– медицински лабораторискo санитарен техничар
🖊 Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни:
• од 14ти до 17ти јуни,
• од 23ти до 25ти јуни,
• на 30 јуни 2021 година.