Facebook
Twitter
LinkedIn

КОДЕКС ЗА ОДНЕСУВАЊЕ 

НА НАСТАВНИЦИТЕ НА СОУ “ОРДЕ ЧОПЕЛА” ПРИЛЕП ПРИ (ОНЛАЈН) НАСТАВА ЗА УЧЕБНАТА 2020/2021 година

Наставникот како квалификувано и стручно оспособено лице кое дидактичко-методски ја обликува наставата и го насочува развојот на учениците треба да ги знае своите права и одговорности во реализирањето на воспитно-образовниот процес. Од наставникот се бара да биде стручен, професионален, совесен, креативен, да биде пример за грижливост и моралност за своите учениците при реализирањето на наставниот процес. Во однос на промените кои ги носи тековната состојба со КОВИД пандемијата и наставниот процес преку учење од далечина наставникот интерактивно соработува со ученикот преку онлајн учење. Во овој контекст потенцирајќи го императивот на сопственото професионално однесување наставникот треба да ги применува и почитува следните правила за учење од далечина:

– овој вид на настава, додека трае оваа состојба, е формален вид на настава одобрен од Министерството за образование и наука;

– сите наставни часови се реализираат на МС Тимс, како средство за одржување на онлајн настава преку синхрона комуникација во рамки на Националната платформа за учење од далечина;

– наставата на далечина се реализира според однапред изготвен распоред на часови, а наставниот час трае 35 минути и 5 минути за приклучување;

– наставата за учење од далечина, наставниците ќе ја реализираат од дома со користење на MC Tимс;

– практичната настава и феријалната практика за учениците од трета и четврта година наставниците ќе ја реализираат во лабораториите во училиштето;

– МС Тимс овозможува организација на содржините во форма на      е-училница;

– наставникот поставува содржини, документи, презентации;

– дефинира активности кои треба да ги сработат учениците;

– испраќа соопштенија до учениците;

– дава повратни информации за испратените домашни задачи од учениците;

– креира и одржува тестови;

– онлајн тестовите да содржат прашања кои имаат кратки одговори, избор на еден или повеќе точни одговори, дополнување, според можностите на учениците;

– наставниците при реализација на наставата на далечина треба да користат современи дидактички стратегии, методи и техники;

– наставниците треба да водат сметка за потребите на учениците со потешкотии во учењето кои за време на наставата на далечина работат според индивидуална образовна програма;

– МС Тимс овозможува детално следење на активностите на наставниците и учениците;

– наставникот редовно го евидентира часот и постигнувањето на ученикот;

– раководителот на паралелката по електронски пат го известува родителот за постигнатиот успех на неговото дете, утврден на класен и Наставнички совет;

– доколку ученикот кој следи настава со учење на далечина не се вклучи на МС Тимс повеќе од пет дена, се известува стручната службата во училиштето и се спроведува разговор со родителот за неопходноста за задолжително следење на онлајн наставата;

– за нередовно присуство на настава се едвидентира неоправдан изостанок и се изрекуваат педагошки мерки согласно со Законот за средно образование;

– Наставникот може да отстрани ученик од онлајн часот доколку ученикот:

– на кој било начин го попречува одржувањето на часот,

– се однесува недолично, вулгарно или дискриминирачки,

– употребува непристојни зборови и/или вербално ги навредува останатите учесници на часот,

– врши или поттикнува електронско насилство, постира коментари коишто може да се интерпретираат како навредливи, дискриминирачки или вознемирувачки, или испраќа електронски материјали со навредлива содржина кон останатите учесници и/или кон наставниците;

– во случај ученикот да е отстранет од онлајн часот поради некоја од наведените причини, истиот се евидентира дека е неоправдано отсутен од тој час, и против истиот може да биде поведена дисциплинска постапка и изрекување на педагошки мерки согласно со Законот за средно образование;

– почитување и меѓусебна соработка помеѓу наставниците и споделување на материјали;

– води редовна и перманентна консултативно-советодавна работа со родителите преку онлајн средби;

– се препорачува сите камери да бидат вклучени за време на онлајн часот, освен доколку поради технички причини (слаба конекција или чести падови на истата) наставникот не наложи поинаку;

– микрофонот на учениците е потребно да биде исклучен за времетраењето на онлајн часот (опција “mute”), освен кога ученик одговара на поставено прашање од наставникот, поставува прашање заради нејаснотии поврзани со наставната материја во времето од часот кој ќе го определи наставникот;

– се препорачува одржување/следење на онлајн часовите на тивко место во домот, со оглед дека сите учесници на часот може да ги слушнат позадинските звуци кај оној кој зборува (шепотења и разговори, звуци од вклучен ТВ, лаење на домашни миленици и сл. звуци без оглед колку се тивки);

– не е дозволено снимање на онлајн часот од страна на наставниците или учениците;

– за време на реализација на онлајн часовите се применуваат истите правила на однесување, како и на регуларните часови со физичко присуство во училиште;

– наставниците во рамките на секој онлајн час, треба да создадат атмосфера за успешна реализација на наставата и процесот на учење, како и за поттикнување на соработка и почитување на другите;

– за време на онлајн часовите, наставниците треба да промовираат ученичко-поучувачка ефективна комуникација која што ги вклучува сите. Учениците треба да се мотивирани и активно да учествуваат во виртуелната училница;

– наставниците треба да ја почитуваат доверливоста, односно да не објавуваат, постират и споделуваат лични информации, фотографии, видео и аудио материјали за себе и за другите;

– на МС Тимс не е дозволено поставување и споделување на неформална содржина од забавен карактер или пак содржина што не е наменета за едукација, како и интернет врски коишто не се однесуваат на наставата или пак водат до малициозни содржини;

            – наставниците треба да ги поттикуваат учениците на критичка и аргументирана комуникација и секогаш мора да се почитува мислењето на другите;

– наставникот треба да ја води дискусијата, овозможувајќи им на учениците да коментираат и да поставуваат прашања;

– дискусиите на онлајн часовите треба да бидат во насока на процесот на учење, да бидат конструктивни, важни и добро артикулирани. Комуникацијата треба да се води со почит и да се користи културно и пристојно изразување;

– за време на формалните облици на комуникација, наставниците се должни да водат сметка и за неформалните облици на комуникација односно користење на правописните правила и во елетронската комуникација (на пр.пишување пораки и текст само со големи букви се смета за викање, бидејќи тие се користат во случај на предупредување или известување);

– При реализација на наставата на далечина се почитуваат насоките дадени во Планот за одржување на наставата во средните училишта за определената учебна година, Упатството за реализација на наставата во учебната година и другите насоки дадени од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука.

За почитување на Кодексот за однесување на наставниците при онлајн настава се грижи Директорот на училиштето и стручната служба.

 

25 ноември 2020 година

Директор
Анета Пејоскa