Средба со ученици и професори од СОУ „Орде Чопела“ како и со присутните гости (ученици и професори) од Италија и Шпанија

Сподели:

Денес остварив средба со ученици и професори од СОУ „Орде Чопела“ како и со присутните гости (ученици и професори) од Италија и Шпанија, во рамките на Еразмус+ проектот со наслов „Being a biomarker, no passport needed“.
🏫 Проектот бил започнат во 2019 а завршува оваа 2022 година во месец август. Во периодот од 14 до 18 март се одржува проектниот состанок за ученици и професори тука во Прилеп во СОУ „Орде Чопела“.
🇲🇰🇪🇸🇮🇹🇱🇹 Во овој проект учествуваат училишта од четири земји и тоа: Македонија. Шпанија, Италија и Литванија.
🔬Според проектот со користење на 3Д печатење и ласерско сечење, како и електроника, учениците прават инструменти кои понатаму ќе се користат во училишните лаборатории.
🤝 Целта на проектот е и размена на искуства и добри практики преку соработка помеѓу училиштата.
📌 Воедно на сите учесници им доделивме сертификати за учество во проектот и им посакавме многу успех како за проектот така и во понатамошното нивно школување.

Коментари