Практична едукација во хемиската лабораторија на Витаминка од Прилеп

Хемиски лабораториски техничари и Прехранбени техничари од СОУ „Орде Чопела“ Прилеп денес беа на практична едукација во хемиската лабораторија на најголемиот производител на прехранбени и кондиторски производи-Витаминка од Прилеп.
Учениците и професорите, најсрдечно беа пречекани од Маркетинг координаторот, Душица Неделкоска, која ги запозна присутните со работата на компанијата и производниот асортиман.
Директорот на сектор Контрола на квалитет, Натали Петреска и раководителот на хемиска лабораторија, Гордана, ги запознаа учениците со работата на лабораторијата, методите и мерните инструменти со кои ги вршат хемиските анализи. Учениците имаа можност да видат повеќе испитувања за утврдување на квалитетот на суровините и полупроизводите. За утврдување на квалитетот на готовиот производ, една од најважните анализи е сензорската анализа, во која со задоволство учествува учениците и професорите, кои се засладија со чоколадите Sorry со фстаци, чоко стоби флипс и други врвни производи. Благодарност до АД „Витаминка“ за денешниот прием.

Коментари