Пофалници и вредносни ваучери

Сподели:

На учениците од нашето училиште кои освоија награди на Државни натпревари во учебната 2022/2023 година, нашата Општина им додели Пофалници и вредносни ваучери.
2 ро место Калемење на овошки освои ученикот Биљан Демироски под менторство на професорката Ружица Јагуриноска и 2 ро место Вешто возење трактор освои ученичката Наталија Ризоска под менторство на професорот Камче Бошковски.
Изразуваме благодарност до Градоначалникот и Советот на Општина Прилеп за идејата со која ќе не поттикнат да продолжиме вредно да учиме и работиме !
????Честитки до сите ученици и ментори, и им посакуваме уште поголеми успеси во иднина.

Коментари