Денот на планетата Земја

Сподели:

а Денот на планетата Земја во Клубот на пратениците-Скопје на 20 април во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање учествуваа 20-тинаГЛОБЕ училиштата од Македонија.
Нашите ученици Марко Бучевски и Нена Тодороска од СОУ „Орде Чопела“-Прилеп се претставија со постер презентации, практични демонстрации, експерименти и мерења за Глобе Ноќе програмата со ГЛОБЕ тренер Каролина Дамјаноска и протоколот Педосфера со ГЛОБЕ тренер Ружица Јагуриноска пред в.д.директорка Тереза Златеска Трајковска, Министерката Каја Шукова, Заменик амбасадорот на САД Ерик Мејер и Заменик координаторката на ГЛОБЕ Ана Димишкова.
Настанот заврши со награда за училиштата (опрема и алат за работа и мерење) со најмногу испратени мерења преку веб страната на ГЛОБЕ.

Коментари