Био-технологија во мојот свет – Програма за искуствено учење

Сподели:

На 22 и 23 Мај во просториите на нашето училиште се одржа регионална работилница „Био-технологија во мојот свет – Програма за искуствено учење“ наменета за наставници и ученици од СОУ Орде Чопела, СОЗУ „Кузман Шапкарев“од Битола и од СОУ „Цар Самоил“од Ресен. Работилницата е дел од програмата „Био-технологија во мојот свет“ (Biohack my world) спроведена од страна на Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – во соработка со УНИЦЕФ, УНДП и Центарот за стручно образование и обука. 2 дена професорките од ТМФ Весна Рафајловска и Јана Клопчевска во училишните лаборатории заедно со учениците изведоа интересни експерименти за употреба и пренамена на био отпад. Преку искуствено учење ги воведоа учениците во циркуларна хемија и кружна економија со цел заштитата на животната средина. На наше огромно задоволство работилницата ја збогатија со присуство и претставници од Vitaminkaа и Прилепска пиварница / Prilep Brewery за што им сме благодарни!

Коментари