Новогодишен панаѓур

Традиционално како и секоја година така и оваа година во СОУ “Орде Чопела,, се одржа Новогодишен панаѓур. 🎄🍭
Сите производи на панаѓурот беа изработени од страна на нашите ученици. Средствата кои се собраа ќе се наменат за хуманитарни цели.
Исто така официјално се пушти во употреба кабинетот опремен со средства од проектот за ,,Меѓуетничка интеграција за младите во образованието,,.
Пуштањето во употреба на кабинетот го надополнивме со благороден настан, директорката Анета Пејоска им додели благодарници на наши заслужни ученици кои допринесоа за афирмација на училиштето, посветеност и континуиран успех во образовниот процес. 🏆
Им честитаме на сите успешни ученици и им посакуваме поголеми успеси во иднина, а воедно посакуваме истите да служат како мотивација за другите ученици да се трудат што повеќе!

Коментари